Шпанецот тргна во напад на рекордот од победени средби без загубен сет, односно од непрекинато освојување сетови на четирите големи тениски турнири. За сега стаса до 28 од настанот на Ролан Гарос каде до титулата дојде со седум чисти победи (во еден меч противникот Карено Буста предаде при 1-0) и од тековниот на Вимблдон каде мина три рунди со победи од по 3-0. Рафаел Надал во предходниот круг во Лондон славеше со младиот Русин Карен Качанов, а во следното коло го очекува дуел со Жил Милер од Луксембург.



Надал со овие постигнувања се приближува до најдобрите во оваа статистичка категорија, а тоа се се големи имиња на светскиот тенис. Во прв ред Роже Федерер кој има таква серија од 2006 и 2007. година кога освои 36 сета во низа, а потоа и Џон Мекинро кој застана на 35 во 1984. година. За соборување на рекордот на Надал му требаат уште три победи со по 3-0, а тоа во случајов би значело и пласман во финалето.