🥂 👠 „Вино на штикли 2025“
повторно на сцената – поелегантно и поинспиративно од кога било!
📅 19-ти јуни (четврток)
📍 Ragusa 360 Rooftop
⏰ 19:00 – 00:00
Заинтересираните ќе се сретнат со над 200 вина од над 30 врвни македонски и странски винарии, нови вкусови и добро познатото чувство на префинето уживање.
,,Очекувајте внимателно селектирани етикети, музика која допира, атмосфера со став и вкусно друштво” пишува во објавата на овој не секојдневен вински настан.
Вечер на гламур и винска страст
Подгответе се за уште едно незаборавно седмо издание на „Вино на штикли“, кое ќе се одржи на 19-ти јуни (четврток) со почеток од 19:00 до 00:00 во елегантниот Ragusa 360 Rooftop, во Скопје.
Придружете ни се на вечер исполнета со магијата на виното, пријатната атмосфера на живата џез музика и врвната гастрономија, каде што секој детал е внимателно осмислен за да ви понуди незаборавно искуство. И оваа година, „Вино на штикли“ ќе ги собере најдобрите македонски и странски винарии, кои со гордост ќе ги претстават своите најелегантни вина, подготвени да ги разгалат вашите сетила.
Вашето винско патување ќе биде надополнето со елегантни модни нијанси, врвни гастрономски деликатеси и музички ноти, кои совршено ќе ги надополнат аромите и вкусовите на над 200 вина од 30 македонски и странски винарии.
Влезницата за „Вино на штикли“ чини 1.200 денари и овозможува неограничена дегустација на сите вина, во атмосфера каква што само Ragusa 360 Rooftop може да понуди – пријатна, релаксирана и со поглед што го одзема здивот. Бројот на влезници е ограничен, а интересот е голем, затоа осигурете си го вашето место навреме преку онлајн купување. За оние што ќе се одлучат во последен момент, влезници ќе бидат достапни и на самиот настан по цена од 1.500 денари. Ова е вечер што не се пропушта – создадена за љубителите на виното, модата и музиката.
Запомнете, со виното е исто како со страст: треба да се пробаат сите вина, од некое се доволни само неколку голтки, а некое треба да се испие до крај, стои во најавата на настанот.
Деталите за настанот, како и влезниците кои се во ограничен број, се тука:






