Мјанмар: Речиси 2.800 загинати, 400 исчезнати по земјотресот

Мјанмар прогласи еднонеделна национална жалост по земјотресот со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала во кој загинаа речиси 2.800 луѓе, додека слабеат надежите дека ќе се најдат преживеани под урнатините, објавија денеска светските агенции.



Од вчера почна 7-дневната национална жалост, а едноминутно молчење беше одржано денеска во 12:51 часот по локално време, точно време кога земјотресот се случи во петокот.

Кинеската централна телевизија (CCTV), како што јави Ројтерс, денеска објави дека загинале 2.719 лица, 4.521 се повредени, а 400 се водат како исчезнати.

Во соседен Тајланд се знае дека загинале 20 луѓе, а илјадници луѓе се евакуирани во Бангкок поради пукнатини во зградите.

Спасувачите избезумено трагаат по преживеани во урнатините на урнатиот облакодер во Бангкок.

Сепак, се стравува дека бројот на жртвите е многу поголем, според Геолошкиот институт на САД.

Спасувачите во двете земји сè уште трагаат по преживеани, иако надежите се намалуваат бидејќи критичниот период – првите 72 часа по земјотресот – помина.

Се стравува дека ќе има “илјадници“ жртви во земјотресот во Мјанмар (ВИДЕО)