„Му ја бараат главата“: Вучиќ предложи референдум за негово разрешување

Александар Вучиќ и предложи вечерва на опозицијата доколку сакаат да побараат референдум во српскиот парламент за негово разрешување од функцијата претседател на Република Србија.



Вучиќ рече дека на протестите по несреќата на железничката станица во Нови Сад, „во основа на тие собири со извици и пароли му ја барале главата“.

14 лица, а тројца се уште се во тешка состојба, по паѓањето на дел од покривот на железничката станица во Нови Сад.

„Владата на Србија нема да ја урнете, ви нудам решение и голема победа, да не кажам колку мнозинство е потребно, еве дајте ни ги вашите 70-80 гласови (во српското Собрание) и ќе бараме од народот советодавно мислење за референдумот за разрешување на Александар Вучиќ“, рече тој.претседателот на Србија на ТВ Хепи, пренесува Нова.рс.

„Ако 50 отсто од луѓето се согласат со тоа (на референдумот), јас нема да бидам претседател на Србија ниту еден ден. Јавно ветувам дека тој ден ќе поднесам оставка и дека ќе се одржат нови претседателски избори, додаде тој.

Вучиќ изјави дека „нема да биде претседател ако ја нема поддршката од народот“.

„Ако народот каже дека е за разрешување, не треба процедура, тој ден ќе поднесам оставка и не сум претседател“, изјави тој.

Вучиќ изјави дека потоа ќе има нови претседателски и парламентарни избори.

„Така ќе ги решите сите ваши проблеми… Веќе можеме во јануари, март или мај, да изберете кога сакате, не го малтретирајте овој народ“, рече тој.