Шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски објавува видео со чиста позиција за односот кон малцинските права на ниво на целата унија но и за правата на Македонците во источниот сосед.
Во контекст на барањата на Бугарија за влез на бугарите во македонскиот устав Муцунски вели дека ако ЕУ бара европски вредности и македонските власти имаат право да ги бранат Македонците во Бугарија.
,,Секој компромис треба да соодветствува со реалноста во која живееме и со европските вредности за кои Европската Унија постојано ни зборува.
Кога Европа ни зборува за примена на европските вредности, соодветно е и ние да ги одбраниме позициите на Македонците во Бугарија”, вели Муцунски.
Целото видео на овој линк
https://www.instagram.com/reel/DGIUA2apidh/?igsh=MWp0cXM4OTF3eGdwdQ==






