Муцунски – Димовски: Економски раст, нови работни места и инвестиции во фокусот на Владата

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес, се сретна со новоименуваниот директор на Дирекцијата за технолошки и индустриски развојни зони (ТИРЗ), Гоце Димовски.



На средбата стана збор за владините приоритети, со фокус на активностите како што се економскиот раст, креирање нови работни места, поттикнување на трговијата и привлекување нови инвестиции. Притоа, двете страни се обврзаа на цврста и континуирана соработка во насока на остварување на приоритетите на владата.


Воедно на средбата, беше нагласена потребата од координиран пристап и континуирана соработка на полето на економијата и бизнисот, како и заложби за заеднички настап во однос на привлекувањето странски инвестиции, соопшти МНР.