Мухамеди: Левица, во коалиција со ДУИ во Град Скопје, има најмалку право и образ да зборува за патриотизам

Умејр Мухамеди, кој при крајот на март се повлече од член на кабинетот на Градоначалникот на Скопје поради несогласување со Данела Арсовска, ги коментира нападите од Левица кон ВМРО-ДПМНЕ за поддршката за Африм Гаши да стане собраниски спикер.



„Левица, која прифати коалиција со ДУИ во Град Скопје само за да го вработи претседателот на ‘Црвена Младина’, а од друга страна со повеќе советници му даде на ДУИ две директориски места на јавни претпријатија, заменици во сите други и за првпат директорот на СУГС ‘Панче Караѓозов’ да биде Албанец, има најмалку право и образ да ни зборува за коалициски капацитети и за патриотизам“, напиша Мухамеди на Фејсбук.