Политичкиот аналитичар и доктор по политички науки Љуљзим Фаризи изјави во вчерашната емисија „Клан дебата“ на ТВ Клан Македонија дека „првпат странскиот чинител не се вмешал дирекно во преговорите за составување на Влада, давајќи ни можност сами тоа да го направиме тоа“. Тој посочува дека „треба да имаме конкуренција на луѓе, што си ја сакаат државата“. Фаризи тврди дека коалицијата Вреди и ДУИ влегле во кавга кој има легитимитет а кој легалитет.
ТВ Клан Македонија натаму пишува: „Ако одиме по етничка насока, Вреди има легитимитет. Но, пред се, ние треба да го почитуваме Уставот, кој признава само еден победник.Разликата меѓу ДУИ и ВРЕДИ не е голема. ВМРО ДПМНЕ не беше против Албанците, туку против ДУИ. Европскиот фронт ќе биде во тешка ситуација во Парламентот, бидејќи ќе бидат во иста страна како опозиција со Левица. Првата грешка ја направија со изборот на претседател на Собранието: за Гаши не гласаше Левица, не гласаше ни ДУИ.“ – нагласи Љуљзим Фаризи.
Алберт Муслиу смета дека темата на легитимитет во албанскиот политички блок била наметната од бројките на изборите. „Чизми’ во изминатото предизборие спомнуваше само лидерот на Левица Димитар Апасиев. Ако Левица продолжи со овој став, тогаш ќе се појави еден нов политички чинител, албански, кој ќе има противстав. Поради таквиот став ќе се организираат млади Албанци со ист таков став и ќе влезат во Собранието, бидејќи секоја реакција предизвикува противреакција. Кој одлучува кој од Албанците ќе биде во Влада: граѓаните или мандатарот? Не сметам дека ќе има проблеми, но не ја исклучувам можноста и да има проблеми.“ – кажа Муслиу.
,,Безбедносната состојба ќе биде напната до следните локални избори, а на следните избори ќе биде затворено прашањето кој е легален, или легитимен, бидејќи ќе имаме повторно избори. Тогаш ќе ги видиме бројките. Демократското дејствување е нешто, што е сосема легитимно право на Европскиот фронт да го користи и и не треба другите партии да се лутат, или да сметаат дека не треба. Секоја политичка партија треба да ги користи сите законски алатки, кои ѝ стојат на располагање.” – изјави д-р Александар Илиев, експерт за безбедност и професор во Факултетот за безбедност во Скопје при Универзитетот „Свети Климент Охридски“ од Битола. Тој ги изнесе овие ставови во „Клан дебата“ на ТВ Клан Македонија, осврнувајќи се на безбедносната ситуација во Република Македонија и активностите на „Европскиот фронт“ поврзано со потпишувањето на „Политичката декларација за етнички легитимитет“.
Илиев тврди дека „не постои можност сега да се случи она што го имавме во 2001 година“. Но, според него, голема е веројатноста за терористички напад, за насилство меѓу поединци и, како што вели, тоа е можно сценарио. Тој тврди дека во моментов „Европскиот фронт“ нема простор многу да дејствува, имајќи ги предвид меѓународниот чинител, војната во Украина и сета напнатост, која постои во Европа.
Александар Илиев посочува дека овој контекст не создава услови некој да добие поддршка од западниот свет да дејствува надвор од законите. ,,Внатрешно набљудувано, напнатоста меѓу ДУИ и Вреди е судир на интереси, но тој нема да биде со безбедносни последици. Легитимитет е субјективен став кој е легален.“ – нагласува овој безбедносен експерт.





