Фудбалскиот сојуз на Србија или барем првиот човек на оваа организација беше упорен да го избрка Славољуб Муслин од селекторското место иако тој ја однесе репрезентацијата на Светското првенство во Русија. Србите во следниот период вклучувајќи ги двете пријателски средби со Кина и Јужна Кореја ќе ги води досегашниот помошник Младен Крстаиќ, а меѓу кандидатите за наследник на Муслин најспоменувани се Пикси Стојковиќ, Роберт Просинечки, Владимир Вајс.
Инаку за заминување на успешниот селектор, за кој се вели дека на ФСС му донесол 9 и пол милиони евра, најмноги е претседателот на сојузот Славиша Кокеза.




