Организацијата за исламска соработка го прогласи Источен Ерусалим за главен град на Палестина „под окупација” и ги повика САД да се повлечат од мировниот процес и од одлуката за светиот град, соопштија турски медиуми.



Ова изјавата била усвоена на вонредниот состанок на лидерите на муслиманскиот свет штп се одржаво Истанбул, а во врска со одлуката на САД да го признае Ерусалим за главен град на Израел.

Во официјалното соопштение се отфрла едностраната одлука на претседателот на САД, Доналд Трамп, нарекувајќи ја „илегалн“, која се атак врз историските, правните, природните и националните права на палестинскиот народ. Лидерите сметаат дека одлуката на САД го поддржува екстремизмот и тероризмот и, исто така, претставува закана за меѓународниот мир и безбедност.

Ерусалим е трет по важност град за муслиманите, по Мека и Медина.

Организацијата за исламска соработка ги поддржа аспирациите на Палестинците за сопствена земја во границите од пред 4 јуни 1967 година.

Тие исто така ја поддржуваат одлуката за две држави со престолнина Источен Ерусалим на Палестина.