Албанските муслимани нема да можат во петок да работат 2 часа помалку за да одат на џума – петочната молитва откако партијата на премиерот Еди Рама го одби предлогот на опозициската Демократска партија.
Социјалистичката партија на Еди Рама го отфрли предлогот на опозицијата (ПД) да им се дозволи на вработените муслимани во Албанија да ја напуштат работата два часа порано во петок за да присуствуваат на молитви во џамиите.
Предлогот, исто така, ги повика работодавачите со многу муслимански работници да обезбедат одредени места за молитва.
Албанија е доминантно муслиманска земја но според уставот е секуларна.
Во Македонија нема формална одлука муслиманите во петок да работаат пократко време за да одат на Џума во 13 часот но во многу државни институции тоа се случува на крајот на неделата.






