И нема рамна, оваа мусака е една од најдобрите, има изглед, вкус, сочност, богато е филувана.
Состојки :
-3 лажици маслиново масло
-2 парчиња лук
-1 лажица брашно
-1 лажица оригано
-1 лажица доматно пире
-200 мл. супа од коцка говедска
-2 лажици пармезан
-700 гр. мелено месо телешко
-1 кромид сецкан
-5 домати исецкани на кругови
-ловоров лист
-2 модри патлиџани

Упатство:
Модрите патлиџани исецкајте ги на кругчиња. Загрејте ја рерната на 200 степени. На скара или во ребраста тава со малку маслиново масло, испржете ги кругчињата модар патлиџан од двете страни додека не добијат златна боја. Загрејте го преостанатото масло во тава и додадете го кромидот и лукот да се пржат. Пржете околу 2-3 минути, па додадете го меленото месо. Пржете додека да добие кафеава боја. Додадете го брашното, ориганото, ловоровиот лист и доматното пире. Промешајте па додадете ја супата од коцка. Зовријте го сосот, намалете ја температурата и оставете да се готви 20 минути со повремено мешање. Направете бешамел сос. Во огноотпорен сос додадете половина од модрите патлиџани и половина од доматите. Додадете го меленото месо и останатиот дел од модрите патлиџани и доматите. Одозгора додадете го бешамел сосот и рендан пармезан. Печете 20-25 минути.





