„Комедијата, што ја приредија пратениците на Европскиот фронт на ДУИ во салата на Собранието ги докажува нивните напори да се приспособат во опозицијата, каде што се наоѓаат. Слично ќе се приспособат и во затворите!“ – порача Башким Муртези организацискиот секретар на Алтернатива од коалицијата Вреди во својата објава на фејсбук, која ја пренесе информативниот портал на албански јазик „Алфакс“.
Во објавата на општествената мрежа Муртези истакнува: Доброто од оваа работа е тоа што ДУИ сфаќа секој ден се повеќе дека е во опозиција. Одбивањето да се прифати овој факт беше природно по 22 години на власт, но ‘комедијата’ во собраниската сала ги докажува нивните напори за приспособување.
Слично ќе се приспособат и во затворите!
Здравје, ќе помине…





