Ова го изјави министерот за европски прашања Орхан Муртезан, прашан дали Брисел е изрично против идејата за уставни измени со одложено дејство, како што бараат властите во земјава.
Според Муртезани, на таквиот предлог не се гледа со голем оптимизам од страна на Европската Унија, но не се ни отфрла целосно.
Тој повтори дека треба да се настојува на решенија коишто ќе бидат прифатливи од стратегиските партнери, што, како што рече, зависи од нашата волја за изнаоѓање решение.
„Уставните измени се услов не од Бугарија, туку од 27 земји членки на ЕУ. Тоа е јасно наведено и во заклучоците на Советот. Се обидуваме да го заштитиме процесот после уставните измени. И премиерот во неколку наврати и Владата спомнаа дека не е спорно носењето на уставните измени, меѓутоа сакаме да бидеме сигурни дека процесот понатаму нема да биде повторно предмет на дополнителни блокади“, вели Муртезани.
Прашан што ќе се случи доколку уставните измени не бидат усвоени до декември годинава, како што бараше коалицијата „Вреди“ од чии редови доаѓа Муртезани со одговор:
„Дадовме рок од шест месеци како коалиција во кои Владата мора да понуди решение за надминување на кризата. Уште сме во четвртиот месец. Кога ќе стигнеме при крајот ќе видиме какви се можностите и што ќе направиме понатаму“…






