Муртезани: Агелер ја истакна поддршката на САД за нашиот евроинтегративен пат, стабилноста и развојот на демократијата

„На денешниот состанок со амбасадорката на САД Анџела Агелер ја потврдивме нашата заедничка посветеност во борбата со корупција, за стабилноста и развојот на демократските процеси. Амбасадорката Агелер ја истакна поддршката на САД за нашиот евроинтегративен пат и ја нагласи важноста на сојузничкиот пристап за постигнување на посакуваниот развој и стабилност, како на нашата земја така и на целиот регион.“ – објави на својот фејсбук-профил Орхан Муртезани, министерот за европски прашања во Владата на Република Македонија.

Во објавата Муртезани дополнува: Разговаравме и за Реформската агенда од Планот за раст, кој ќе осигура забрзување на економскиот раст на земјава но и приближување кон европските стандарди, што ќе ја олесни нашата интеграција во Европската Унија.