„Ние сме дел од Европскиот фронт и остануваме во Европскиот фронт. Се друго е шпекулација“.
Ова е реакцијата на Салих Мурат од Движењето на Турците на Македонија за правда и демократија, на изјавите на лидерот на Демократско движење, Изет Меџити дека тројца четворица пратеници ќе го напуштат „Европскиот фронт предводен од ДУИ.
„Вакви разговори никогаш немало и нема потреба да се прават. Ние сме победници во нашиот фронт и волјата мора да се почитува.
ВРЕДИ мора да одговори на нивните националистички изјави дека нивните гласови се чисти. Што значи ова, дека нашите не се чисти? Турци, Роми, Бошњаци, да не не сме ние граѓани на оваа држава“, изјави Мурат за ТВ21.






