Мртва трка во најголем број општини

Во најголем дел од општините според сознанијата на expres.mk од анализите на повеќе политички партии и невладини организации кои што прават анкети, се води мртва трка меѓу ВМРО – ДПМНЕ и СДСМ но и меѓу албанските партии.



Најголемата разлика во општините е максимални 5 % што е близу до статистичка грешка.

Никој од партиските експери не може да претпостави колкав ќе биде бројот на неважечки ливчиња ниту пак дали ќе се појави голема група на таканаречено „тивко мнозинство“ кое што во анкетите не го кажувала својот глас а која што денеска на избирачките места може драматично да ги промени резултатите.

Целосна непознаница е и излезноста, сите партии калкулираат со излезност меѓу 62 и 67 % но никој не исклучува дека дел од темите кои што беа опфатени во кампањата можат да го зголемат овој процент како што тоа може да се случи поради пристигнувањето на дел од дојаспората која што има право да гласа на изборите.

Прашањата за двојазичноста, амнестијата на затворениците, барањето за враќање на процесот за осудените во случајот „Монструм“, референдумите за мигрантите, договорот со Бугарија, влезот во НАТО и почеток на преговори за влез во ЕУ како и менувањето на името покрај локалните прашања предизвикаа емоции кај голем дел од граѓаните што може да ја зголеми излезноста.