На Градските гробишта во Кочани денеска ќе бидат погребани триесетина загинати од пожарот во дискотеката „Пулс“ што се случи во неделата рано наутро. Погреби ќе има и во Скопје, во Штип и во Облешево.
Погребот во Кочани е закажан за 12.00 часот а на него ќе чинонаначaлствува Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан во сослужение со повеќе архиереи од МПЦ-OA.
Од МПЦ – ОА замолуваат за достоинствено и христијанско однесување.
Да ги оставиме роднините во тишина и плач, да ги испратат своите најблиски настрадани






