Мо Фара е првиот шампион на Светското првенство во атлетика во Лондон. 33 годишниот Сомалиец со британски пасош триумфираше во трката на 10 000 метри пред преполните трибини на Олимпискиот стадион. Фара стигна до златниот медал со време 26.49.51 што е и најдобар резултат во светот за сезонава. Сребрениот медал го заслужи Џошуа Џептегеи од Уганда, а трет беше Кениец Пол Тануи.



„Беше тоа неверојатна вечер. Каков крај на мојата кариера и тоа во Лондон! Тоа беше посебно. Знаев дека 12. круга ќе бидат тешки, но верував во мојот финален спринт иако тука беше и искуството. Ќе се подготвам и за 5000 метри. Имам неколку дена да се опоравам “, рече Фара по успехот.

И Усаин Болт имаше победнички старт на СП откако светскиот рекордер рутински ја доби својата квалификациска трка на 100 метри и се пласира во полуфиналето. 10,08 секунди не се најсјајни, но Болт ќе трча денеска два пати. Прво попладне во полуфиналната трка, а потоа веројатно и во големото финале предвидено за 22.45. Тоа, според неговите најави, ќе биде последната „стотка“ во кариерата на најбрзиот човек на планетата.