Бакнежот е моќен афродизијак, иако некои го потценуваат, имајте на ум дека тој (бакнежот) е почеток на една предигра, средина во сексот или милување со бакнежи на крајот. Понекогаш изненадете го партнерот со различен бакнеж, возбудата ќе порасне.



Со помош на усните, тивко ги откриваме своите намери, ако сакаме милување, нежно го љубите партнерот, меко и ненаметливо. Овие нежни бакнежи, лесно се претвораат во жешки, кои истите во мигови се преточени во лижење и грицкање, со кои пак ја изразуваме својата намера.

Бакнежите се различни, а има и разни техники на бакнување.

Моќта на францускиот бакнеж

Најпознат бакнеж е францускиот, со кој со партнерот се допирате со јазик, при што треба да се биде нежен. Техниката на овој бакнеж е што сами ја одредувате, односно се препуштате на уживањето.Спори и спонатни бакнежи. Бакнежот со кој го бакнуваме лицето на партнерот се нежни, а со кои полека од лицето минувате на тело и на ерогените зони.

Почнувате од челото, очните капаци, носот, преку вратот и се подолу. Ваквите бакнежи се добра увертира, но и се користат при милување со партнерот како знак на блискост и изразување на љубов.Бакнежи со шепотење. Жешки бакнежи со кои минувате преку увото на партнерот и вратот, а шепотењето на уво нежни зборови, само ќе ја зголеми возбудата. Бакнежите и шепотењата, дополнете ги со нежни грицкања по уво.