Иранскиот врховен лидер, Али Хамнеи, прогласи петдневна јавна жалост за претседателот Ебрахим Раиси по неговата смрт во хеликоптерска несреќа и го назначи првиот потпретседател Мохамад Мокбер (68) за привремен шеф на извршната власт на земјата, пренесува Ројтерс .



Исто така денеска, иранската влада го назначи заменик-министерот за надворешни работи Али Багери Кани за вршител на должноста министер за надворешни работи по смртта на Хосеин Амирабдолахиан, кој беше во хеликоптерот што го уби Раиси.

Мохбер е дел од тричлениот совет, заедно со претседателот на парламентот и првиот човек на судството, кој ќе организира нови претседателски избори во рок од 50 дена од смртта на претседателот.

Роден е на 1 септември 1955 година. Мохбер, како Раиси, е близок со врховниот лидер Али Хамнеи, кој го има последниот збор во сите државни работи. Мохбер стана прв потпретседател во 2021 година кога Раиси беше избран за претседател.

Во 2010 година, Европската унија го вклучи Мохбер на списокот на поединци и организации што ги санкционираше за наводна вмешаност во „нуклеарни или балистички ракетни активности“.

Во 2013 година, американското Министерство за финансии ги додаде Сетад и 37 компании со кои управува на листата на санкционирани субјекти.