Москва: Пресудата за Додик може да го дестабилизира Балканот!?

Русија смета дека пресудата од една годината затвор и 6-годишната забрана за бавење со политика на која беше осуден лидерот на сепаратистите на босанските Срби Милорад Додик се политички мотивирани и може да имаат негативни и дестабилизирачки последици за Балканот, пренесува Ројтерс.



Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека рускиот претседател Владимир Путин се сретнал со Додик многу пати и имал конструктивен работен однос со него.

„Она што се случи во Сараево секако предизвикува наша негативна реакција. Ние ги осудуваме таквите дејства бидејќи тие можат да имаат многу негативни последици за ситуацијата не само во Босна и Херцеговина, туку и на Балканот како целина“, предупреди тој.

„Тоа се дејствија кои можат да доведат до дестабилизација на ситуацијата, што е многу лошо. Сметаме дека овој прогон на Додик има апсолутно политички карактер и е насочен не само против него лично, туку и практично против сите патриотски српски сили. И тоа е неприфатливо“, нагласи Песков.

Една година затвор за претседателот на Република Српска