Кремљденеска ги отфрли шпекулациите на западните медиуми дека Русија стои зад серијата напади врз францускиот железнички систем и рече дека западните медиуми честопати се обидуваат да ја обвинат Москва за с’е без докази.



Саботери ја погодија француската железничка мрежа во серијата напади  во петокот, предизвикувајќи хаос во патувањето и откривајќи ги безбедносните празнини само неколку часа пред церемонијата на отворање на Олимписките игри во Париз.

Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен изјави во саботата дека не може да ја исклучи странската вмешаност во саботажата… а некои западни медиуми ја обвинија Русија, додека други сугерираа за веројатни  крилни активисти.

Запрашан за медиумските шпекулации дека Русија стои зад нападите, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, им рече на новинарите:

„Ова се само најнови лажни – повеќе неосновани обвинувања“.

Денеска беше пријавено за нова саботажа, овој пат на француските телекомуникациски компании.

Министерот за внатрешни работи Џералд Дарманен објави дека е уапсен крајнолевичарски екстремист во врска со саботажата на француската брза железничка мрежа.

Писмо во кое се презема одговорност и содржи упатувања на ултралевичарските групи е испратено до неколку француски и меѓународни медиуми, објави во саботата вечерта Le Parisien.

Наводните сторители ја презедоа одговорноста за подметнувањето пожари во петокот и се верува дека нивниот мотив бил да ги исфрлат Олимписките игри.

„Вие го нарекувате празник? Ние го гледаме како прослава на национализмот, гигантска инсценација на потчинување на населението од државите“, го цитира весникот писмото.