Свирепо убиство на младо момче се случило
Синоќа во центарот на Прилеп пред очите на случајните минувачи се случи свирепо убиство на малолетник.
Според изјави на сведоци, група млади луѓе најпрво физички нападнале а потоа со повеќе убоди од нож е избодено момче од населеното место Сенокос, општина Долнени.
Според првичните информации, се работи за (А.Д.) кој е на возраст од околу 15-16 години, пренесуваат медиуми
Веднаш била повикана Итна помош и околу 19:40 случајот бил пријавено во полиција.
Итната помош го префрлила момчето во прилепската болница, каде починало од повеќе убоди по телото.






