Илјадници демонстранти излегоа синоќа на антивладини протести во Тирана, од каде го повикаа премиерот Еди Рама да поднесе оставка, јавува Reuters.
Полицијата употреби солзавец за да ги растера демонстрантите.
Повеќе од 1.000 полицајци беа распоредени во Тирана пред протестот.
Демонстрантите фрлаа молотови коктели врз неколку владини згради, палејќи ги плакатите на премиерот. Полицијата соопшти дека десет полицајци се повредени.
Локалните медиуми јавија дека некои се пренесени во болница. Полицијата ја засили употребата на солзавец додека демонстрантите се приближија до зградата на парламентот.
„Рама треба да се повлече, да поднесе оставка и да оди во затвор до крајот на животот“, изјави еден од демонстрантите за новинската агенција Reuters.
Рама е на функцијата од 2013 година и победи на три последователни избори.





