Молк од официјална Софија за територијалните претензии на Костадинов кон Македонија


Официјална Софија досега не реагираше за изјавата на Костадин Костадинов од бугарската партија „Преродба“ дека Македонија треба да се припои на Бугарија. 



Осуда засега нема од бугарска страна за оваа изјава. Македонските власти веднаш реагираа и ја осудија провокацијата која не води кон добрососедски односи. Македонските политичари побараа Софија, но и Европската Унија(ЕУ) да ја осудат изјавата. Осуда имаше и од Украина, затоа што Костадинов спомена дека и дел од таа држава требало да се спои со Бугарија.