На Градскиот плоштад на Слободата во Нови Сад се собраа 300 волонтери за да изработат мозаик од пластични капачиња со големина од 621 метри квадратни, и со ова беше соборен Гинисовиот рекорд.



Со оваа акција граѓаните сакаат да ја разбудат свеста за екологијата, но и да дадат порака дека средствата од рециклирање на капачиња треба да бидат наменети за помош на лицата со посебни потреби и хендикеп.