Може ли ДУИ да коалицира со ВМРО ДПМНЕ по 8.5 – Џафери одговара: Не може да се каже отсечно „да“, или „не“

Запрашан дали ќе има коалиција на ДУИ и ВМРО ДПМНЕ по изборите, техничкиот премиер Талат Џафери одговори со „во политиката не може да се каже отсечно „да“, или „не“ во интервјуто, што го даде во „Вистинска приказна“ („Real Story“) на АБЦ Њуз од Албанија. Ова го објави информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА од Скопје.



ИНА ги пренесува прашањето и одговорот на Талат Џафери, кои се дел од споменатото интервју: Значително е голема можноста ВМРО ДПМНЕ да победи на изборите, имајќи ги предвид сондажите. Духот што преовладува во нејзиното раководство не е многу зазападен и на тоа често се гледа со вознемиреност. Дали може ДУИ да коалицира со ВМРО ДПМНЕ по изборите?

Џафери: Во политиката не може да се каже отсечно „да“, или „не“. Не се нафаќам да давам оценка за можните одлуки на субјектот, за тоа ќе се изјаснат партиските органи кога ќе дојде време. Партиските органи имаат право да оценуваат. Инаку, факт е дека не може да има влада без албанско учество. Праксата покажува дека не се долгорочни оние влади, кои се обиделе со други формули.