Претрес во Батинци, пронајдени пиштоли и огромен број на куршуми што е лишено од слобода едно лице, објави министерството за внатрешни работи.
Денеска (27.05.2025) во 09 часот во с.Батинци, скопско, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода Е.Х.(53) од с. Батинци затоа што при извршен претрес во неговиот дом и други простории, по претходна судска наредба, се пронајдени и одземени три пиштоли и 643 куршуми. По целосно документирање на случајот, против Е.Х. ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка, имформираше МВР.







