Реализирани се само 14% од трговската размена меѓу 6-те земји од Западен Балкан, додека уште пониска е деловната интеракција во рамките на иницијативата Отворен Балкан, велат од Стопанската комора. Како главни трговски бариери во надворешната размена се посочуваат административни и царински процедури, безбедносни барања и сертификати .
Од Стопанската комора не сакаа да коментираат дали политичките промени ќе влијаат на економијата на земјата, имајќи предвид дека дури и во Европската унија сега доминираат десничарските сили. Но, велат, ова ќе се анализира во наредниот период до формирањето на новата Влада во Македонија.

Еден од начините за да се олесни пристапот до моќните европски пазари е пристапување кон единствениот систем на плаќање СЕПА за што Македонија поднела апликација во април, како и воспоставување на зелени коридиори кои сега ги има само од ЕУ кон земјите, но не и во обратен правец. На домашен терен техничките бариери на граничните премини се сериозен предизвик, апел да се најде побрзо решение.
- Како главни трговски бариери во надворешната размена се посочуваат административни и царински процедури, безбедносни барања и сертификати вклучувајќи ги тука и фитосанитарните мерки и техничко – трговски бариери Да се направат напори да се унапреди и тоа преку овој акциски план, постојат и нетарифни бариери, фитосанитарни дозволи, треба да се поработи постојано, велат од Стопанската Комора на Македонија.

Стопанската комора отвори и онлајн техничка поддршка за мали и средни компании, програма која ќе биде бесплатна за пристап на компаниите од регионот до европскиот пазар. Првите 70 компании кои ќе аплицираат ќе добијат поддршка за пласман на нивните производи на пазарот на ЕУ во областа на градежништвото, инфраструктурата, автомобилската индустрија, металургијата и текстилот.





