Се преземаат сите постапки за транспорт на телото на починатиот Александар Карадакоски, кој им подлегна на повредите од пожарот во Кочани додека беше на лекување во болница во Литванија, информираат денеска од Министерството за надворешна политика и надворешна трговија.
- „Преку Амбасадата на Република Северна Македонија во Варшава, во редовна комуникација сме со семејството на починатиот пациент, како и со надлежните институции во Литванија каде што тој беше на лекување. Ги преземаме неопходните активности за завршување на конзуларните постапки за организација на транспорт на телото на починатиот македонски државјанин назад во земјава“, се вели во соопштението од МНР.

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска на прес-конференција потврди дека починатиот пациент кој беше на лекување во Литванија по трагичниот пожар во т.н. кабаре „Пулс“, е 29-годишниот Александар Карадаковски од Кочани.
Директното оштетување на 90 проценти од дишните патишта од чадот кој што го вдишал, заедно со големата површина на изгореници која изнесува околу 36 проценти е причина за починувањето на 29-годишниот Алексдандар Карадаковски кој се лекуваше во Литванија, беше истанато на денешната прес-конференција во Министерствоото за здравство.
- Со огромно жалење сакам да известам дека рано утрово еден од 116-те пациенти што беа испратени надвор од државата, Александар Карадаковски кој се лекуваше во Литванија, за жал, починал, рече Таравари на денешната прес-конференција во Министерствоото за здравство, изразувајќи воедно сочувство до семејството на Александар Карадаковски.
Тој посочи дека пацеиентот кој што почина беше на 29-годишна возраст, испратен е на лекување на 17 март, вториот ден по трагедијата во Кочани, а првично бил хоспитализиран во Градската болница во Скопје.





