Во анкетата спроведена за весникот „Та Неа“, 61 отсто од анкетираните грчки граѓани се изјасниле дека треба да се одржи референдум ако конечно се најде заедничко решение во преговорите за името на северниот сосед.
На истото прашање, 35 отсто одговориле дека конечната одлука треба да биде донесена со гласање во парламентот.
Половина од испитаниците сметаат дека има простор за компромис прифатлив за двете страни, додека 44 имаа спротивно гледиште.
Што се однесува до можното име, повеќе од 77 отсто од испитаниците отфрлaat компромис што го вклучува и терминот „Македонија“.
Поконкретно, 78 отсто се против сложено име „Горна Македонија“, 77 отсто се против име „Nova Matsendoniya “ и 82 отсто се против сложенката „Нова Македонија“.
Анкетата покажа и предност од над 10 проценти на опозициската Неа демократија за која се изјазниле 35,4 наспроти владејачката Сириза која во моментов има 24,9 прроценти поддршка кај електоратот.





