Анкетата на „ОМНИБУС“ покажува дека граѓаните најголема доверба имаат во полицијата, а додека најмала во судството.
Имено, на прашањето „Како би ја оцениле Вашата доверба во следните институции (на скала од 1 до 5)“, највисока оценка доби МВР односно 3.6, Владата е оценета со оценка 3.2 и е на второ место, додека најниска оценка доби судството 2.4.
Како би ја оцениле Вашата доверба во следните институции (на скала од 1 до 5):
o Влада: Просек 3.2
o Собрание: Просек 2.8
o Судство: Просек 2.4 (најмала доверба)
o Полиција: Просек 3.6
Владата на ВМРО-ДПМНЕ подобро се справува со проблемире во економијата во споредба со претходната Влада на СДСМ покажува најновата анкета на платформата „ОМНИБУС“.
На прашањето „Којa Влада подобро се справува со проблемите во економијата?“, 52% од испитаниците одговориле дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ подобро се справува со проблемите во економијата, додека 24% одговориле дека СДСМ подобро се справувала. 24% од граѓаните мислат дека ниту една Влада не се справува добро со економојата.
Којa Влада подобро се справува со проблемите во економијата?
o Владата на ВМРО-ДПМНЕ: 52%
o Владата на СДСМ: 24%
o Ниту една од двете: 24%

Мнозинството граѓани се против влезот на Република Македонија во Европската унија ако услов за тоа се промена на јазикот и историјата на Македонците преку прифаќање на барањата на Бугарија, покажува најновата анкета на „ОМНИБУС“.
Високи 64% од граѓаните се против влезот на Македонија во ЕУ доколку за тоа услов се бугарските барања, додека само 24% се ЗА.
Дали би го поддржале влезот на Македонија во ЕУ ако условот е промена на јазикот и историјата на Македонците преку прифаќање на барањата на Бугарија?
o Да: 22%
o Не: 64%
o Не знам: 14%

Анкетата беше спроведена во периодот од 22 до 29 јануари 2025 година, во рамките на платформата „ОМНИБУС“ по пат на телефонско јавување на репрезентативен примерок од 1.200 испитаници на целата територија на Република Македонија.
Прашалникот вклучуваше четири главни делови: оптимизмот на граѓаните, довербата во институциите, споредба на перформансите на двете влади и ставовите за актуелните теми.





