Многу луѓе во Македонија сакаат да живеат во Бугарија?!

Андреј Арнаудов, водител и продуцент на бугарското телевизиско реалити шоу „Фарма“, тврди дека има многу луѓе во Македонија со бугарско самосознание и со желба да живеат во Бугарија.



„Ако бев политичар, ќе обрнев внимание на етничките Бугари зад границата, кои сакаат да се вратат, за да работат тука, но се среќаваат со повеќе тешкотии отколку со услови да го направат тоа. Во Србија, Македонија, Украина и Молдавија има многу луѓе со бугарско самосознание и со желба да живеат во Бугарија“, изјави тој за „Топ новини“.

Исклучителен впечаток годинава на Арнаудов му оставило тоа што „бугарската и македонската црква – такви тешки институции, потчинети на вековни канони – пројавија иницијатива и флексибилност и ја поддржаа политичката линија на добрососедство меѓу Бугарија и Македонија. И како ние, обичните луѓе во Бугарија, реагиравме како општество и зазедовме граѓанска позиција“.

Во текот на годината Арнаудов го направило да се чувствува горд како Бугарин затоплувањето на односите меѓу Бугарија и Македонија.

„Станавме сцведоци на историски момент, на реална политичка волја и од двете страни. А јас ја имав среќата да го почувствувам тоа од прва рака за време на бугарско-македонската турнеја на ‘One Love’ оваа година. Цело лето патувавме меѓу двете држави и видовме дека, всушност, младите луѓе воопшто не се возбудуваат од догмата и од пропагандата на историјата според учебниците. Музиката им е доволна за да се обединат“, вели тој.

Според Арнаудов, личност на годината на Балканот е македонскиот премиер Зоран Заев.