Добрите игри и резултати го предизвикаа интересот на голем број клубови за услугите на играчите на Вардар. Така Стефан Спировски веќе е во разговори со Ференцварош, Бобан Николов го следат повеќе тимови од регионот, но и од Европа, а капитенот Бобан Грнчаров се поврзува со Ботев. Ова се само првичните интереси, ќе има и други во следните денови, но прашање е колку фудбалерите ќе сакаат да си заминат пред да заиграат во групната фаза од Лига Европа.



Во исто време и во Градскиот парк во Скопје размислуваат за засилувања, па Србинот Вања Марковиќ е веќе готова работа, а се говори и дека во Вардар доаѓа и Хамед Коне од Брегот на Слоновата коска