Kако дел од мерките за зголемување на приходите на државата, Меѓународниот монетарен фонд предлага да се зголемат даноците на горивата и на имотот.
На овој начин ќе можело да се компензира зголеменото трошење zа пензии и субвенции изминативе години, пренесува порталот СДК.
Покрај зголемените даноци, ММФ препорачува поефикасна наплата на данокот на додадена вредност пишува СДК, за која што ММФ вели дека е пониска од земјите во регионот на Западен Балкан, како и намалување на нетаргетираните субвенции, посебно во земјоделскиот сектор.





