Младата машка ракометна репрезентација денеска одмора по двете победи на стартот од Светското првенство во Алжир и поразот од 32-27 што синоќа го доживеавме од Тунис. Тој е прв на мундијалот, но го проблематизира нашиот статус во групата Ц каде моментно сме на делба на второто место, па и нашето учество во осмина финалето бидејќи на крајот од натпреварите од првата фаза ни доаѓаат најтешките противници.



Утре во четвртото коло играме против главниот фаворит, до сега непоразената Шпанија, а в понеделник со Бразил кој во меѓувреме може да не стаса поради полесниот противник и ќе ни биде сериозен конкурент.