Македонија беше немоќна уште на стартот на мечот во Алжир, па Тунижаните тргнаа силно, а потоа во текот на целиот меч, освен во една ситуација беа во предност. По низа технички грешки кои не ни дозволија да одржиме егал или поведеме повеќе од оние 7-6 во 13. минута, момците предводени од Илија Темелковски на паузата замина со негатива 17:14.



Второто полувреме го започнавме подобро, но брзањето во клучните моменти и разбранетиот Брахим кај противничкиот состав пресудија. Јагуриновски заработи и црвен картон во нападот, а поразот од 32-27 кој е прв за нас на СП стана неизбежен. Филип Талески и Давор Палевски беа најефикасни со по шест гола, а Мартин Велковски постигна четири. Во селекцијата на Тунис прв стрелец беше Скандер Заид со дури 14 погодоци.

Моменталната состојба во групата говори дека Шпанија е прва, а Буркина Фасо е последна и дека сите останати селекции имаат шанса за пласман во осминафиналето. Македонија в недела игра со Шпанија, а в понеделник со Бразил.