Младинци од Македонија меѓу 23 уапсени во тепачка во Швајцарија

Млади лица од Македонија се меѓу 23 приведени од швајцарската полиција за учество во масовна тепачка во градот Рајнах во четвртокот навечер.



Полицијата на кантонот Аргау не го соопштува идентитетот на уапсените со потекло од Македонија, освен дека се на возраст меѓу 16 и 25 години.

Тие, заедно со врсници од Германија, Италија, Турција, Косово и Швајцарија, во четвртокот околу 22:15 часот биле дел од физичка пресметка од поголеми размери во училиштето „Пфрундмат“, во која учествувале и четворица Еритрејци меѓу 17 и 23 години, а во која биле употребени и ножеви.

Тројца од учесниците во тепачката се повредени и завршиле в болница.

Јавното обвинителство поднело барање до Судот за притвор, а во заедничката истрага со кантоналната полиција ги разјаснуваат фактите и кривичната одговорност.