МКД.мк : Нимиц сепак ќе патува и во Атина

Специјалниот претставник на Обединетите нации и посредник во преговорите за разликите за името меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц в недела и в понеделник ќе престојува во Скопје, а потоа ќе замине за Атина, потврдиле за МКД.мк неименувани дипломатски извори.



Според изворите на порталот од посетата на Нимиц не треба да се очекува конкретен резултат, ниту пак, да дојде со предлози за решавање на спорот, туку неговата цел е да разговара за процесот и за тоа како да се продолжат преговорите.

По средбите во Скопје со македонскиот државен врв, според најавите, Нимиц ќе замине за Атина, на дводневни разговори со претставници на грчката влада. Предходно Македонската Телевизија повикувајќи се на извори во Вашингтон објави дека Нимиц ќе патува само во Скопје а овој пат ќе ја прескокне Атина.

Рано изутрина Меѓународното Движење за права на Македонците (МХРМИ) објави дека медијаторот во неофицијален разговор изјавил  „Ако тој бил Македонец немало да преговара за неговото име“. (Читај тука)

Посредникот Нимиц последен пат беше во регионот во јули 2014 и тогаш пред доаѓањето рече дека очекува голем напредок во процесот.

фото мкд.мк