Адвокатот на Блерим Рамадани, баран со потерница од Србија и кој избега од домашен притвор кој му беше одреден во Македонија, вели дека правен процес по однос на Рамадани треба да продолжи со изјаснување на судот во Косово.



„Косово нема го екстрадира својот државјанин. Косово може да ги побара од Македонија сите документи, да го анализира случајот, да започне постапка и да одржи судење. Убеден сум дека дури и да има судење во Косово, Блерими ќе биде прогласен за невин“, вели адвокатот Аријанит Кочи пренесе МКД.МК

Рамадани се врати во Косово, откако во четвртокот избега од домашен притвор издржуван кај роднини во населбата Чаир во Скопје, мерка што му ја изрече судија од скопскиот суд.

Тој наводно добил дојава дека е донесена нова мерка – враќање во затворски притвор.

Семејството на Блерим Рамадани, ги повика властите во Приштина, тој да не биде вратен во Македонја, имајќи предвид дека сега од македонските власти е распишана централна потерница, јавуваат некои косовски медиуми, а пренесува МКД.мк.

„Многу се израдувавме што Блерим се врати дома овде во Урошевац (Феризај), но се плашиме како ќе постапат нашите власти“, изјавиле членови на семејството.

Блерим Рамадани беше уапсен на граничниот премин Јажинце на 17 јули, врз основа на меѓународна потерница издадена од Србија, која го бара за да му се суди поради, како што е осомничен, извршени злосторства врз Срби на Косово.