Ми го бакнуваат зад*икот, умираат да склучат договор, ова е пораката од американскиот претседател Доналд Трамп која ја упати вчера а со која ги понижи земјите кои не можат да опстанат без пласман на своите производи американскиот пазар.
Американскиот претседател Доналд Трамп ноќеска изјавил дека глобалните лидери се подготвени да направат се за да склучат трговски договор со него додека стапуваат на сила американските царини.
„Ви велам, овие земји не повикуваат, ми го бакнуваат задникот“, рече Трамп за време на говорот на вечерата на Националниот републикански конгресен комитет во Вашингтон.
„Тие умираат да склучат договор. „Ве молам, господине, договорете се. Јас ќе направам сè, господине“, Трамп имитира како го моли странски лидер.
Многу нови царини, објавени од Трамп на 2 април, стапија на сила во средата наутро. Тие се насочени кон широк спектар на увезени стоки и предизвикаа глобална трговска војна, бидејќи големите економии планираат одмазднички мерки.
Тарифите на Трамп вклучуваат огромни давачки од 104 отсто за кинески стоки, додека десетици други нации, плус Европската унија, ќе се соочат со царини кои се движат од 11 отсто до 50 отсто.
Азиските берзи повторно паднаа во средата наутро, бидејќи новите царини започнаа со веќе отворени клучните пазари. Во Јапонија индексот Никеи падна за над 5 отсто, додека поширокиот индекс ТОПИКС падна за 4,6 отсто. Индексот Ханг Сенг во Хонг Конг загуби 4,3 отсто, а тајванскиот пазар падна за повеќе од 5,7 отсто.
Говорејќи на настанот во вторникот вечерта, Трамп, исто така, ги објави плановите за дополнителни царини за увоз на фармацевтски производи.
„Ќе ги тарифираме нашите фармацевтски производи и штом ќе го направиме тоа тие ќе се вратат во нашата земја бидејќи ние сме големиот пазар“, рече тој.





