Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис испрати нова порака до македонските власти околу реториката за Преспанскиот договор и користењето на уставното име на земјата.
„Кога некој го влече јажето, треба да биде подготвен дека може да се скине“, рекол Мицотакис во интервју за весникот „Та неа“.
„И ако отстапува од договорениот курс, треба да знае дека патот кон Европа ќе го најде затворен. Пат кој поминува од Грција и почитувањето на меѓународното право“, додал грчкиот премиер.





