50-годишнината од турската инвазија на Кипар на 20 јули може да стане пресвртница за понатамошниот тек на грчко-турските односи бидејќи и премиерот Киријакос Мицотакис и претседателот Реџеп Таип Ердоган ќе го посетат островот истиот ден, пишува Катимерини.
Останува да се види дали посетата ќе биде дефинирана со запалива реторика или каналите меѓу Атина и Анкара ќе останат активни со оглед на планираната средба меѓу Мицотакис и Ердоган во септември во Њујорк.
„Ердоган традиционално на овој ден ги посетува териториите на Кипар окупирани од турските војници, но оваа година Мицотакис ќе ја посети Никозија за првпат да присуствува на комеморативните настани за време на неговиот мандат како премиер’ пишува изданието.
Одлуката на Мицотакис да ја прифати поканата упатена од кипарскиот претседател Никос Чистодулидес да го посети островот беше донесена пред неодамнешните европски избори.
Грчко-турските односи во последно време предизвикуваат загриженост и покрај смиреноста во Егејското Море.
Се верува дека „назадувањето“ во грчко-турските односи, за која е одговорна Анкара, добива трајни карактеристики, ограничувајќи ги изгледите за значаен дијалог меѓу двете земји.






