Ова во неделата го изјави грчкиот премиер Киријакос Мицотакис на прес-конференција по состанокот на ЕУ во Финска за европската безбедност, одбрана и миграција, цитиран од Политико.
Според него, вистинските цели „ќе станат јасни“ следната година по разговорите меѓу членките на алијансата.
„Знаеме дека ќе треба да потрошиме повеќе од 2 отсто“, рече Мицотакис. Ќе стане јасно откако ќе комуницираме со новиот американски претседател која е бројката за која ќе се договориме во рамките на НАТО“.
„Ќе биде повеќе од 2 отсто“ рече Мицотакис.
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, кој ја презема функцијата на 20 јануари, сака сојузниците во НАТО да ги зголемат трошоците за одбрана на повеќе од двојно од сегашната цел од 2 отсто од бруто домашниот производ.
Тимот на Трамп им кажа на европските претставници дека идниот американски претседател очекува членовите на воената алијанса да ги зголемат трошоците за одбрана на 5 отсто од БДП.
Европските членки на НАТО се под зголемен притисок да ги зголемат трошоците за одбрана во услови на тековната војна во Украина и заканата на рускиот претседател Владимир Путин дека ќе ги нападне оние кои го поддржуваат Киев. Новиот генерален секретар на НАТО, Марк Руте, претходно овој месец изјави дека членките на алијансата треба да потрошат „многу повеќе“ за одбрана отколку 2 отсто од БДП.






