Мицотакис: Гледаме „театар на сенки“ за Скопје

Претседателот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис, на денешниот партиски собир ја обвини грчката Влада дека игра „театар на сенки“ за проблемот со името Македонија.



„Не кријам пред вас дека немам доверба во оваа Влада за прашањето за името на Скопје. Тие можат да направат нешто за да останат во столбовите на власта“, рече Мицотакис и продолжи: „Гледаме театар на сенки. Министерот за национална одбрана се обидува да се задржи во фотелјата. Министерот за надворешни работи вели дека Каменос не го прифаќал терминот ‘Македонија’ само на грчки јазик. Како да ги принудиме другите земји да зборуваат на нашиот јазик? Смешни нешта за таков сериозен случај“.

Обвинувајќи ја Владата дека се обидува да го скрие од јавноста договорот за името на северниот сосед, Мицотакис истакна дека Грција има „национална линија“ за ова прашање, застапувана на самитот на НАТО во Букурешт од тогашната Влада на Караманлис.

„Најмалку што треба да направи Владата е да го застапува ставот од Букурешт во целина“, рече лидерот на најголемата опозициска партија во грчкиот Парламент со 75 пратеници од вкупно 300.