Мицотакис: Владата да презентира заеднички став за името на ПЈРМ

Владата мора да претстави обединета позиција во спорот околу името на Поранешната Југословенска Република Македонија (ФИРОМ), изјави денес лидерот на Неа демократија, Киријакос Мицотакис, во интервју за Capital.gr.



„Треба да знаеме каква е официјалната позиција на мнозинството. Досега ништо не слушнав. Кога владата формално ќе ја искаже својата позиција преку премиерот, изразувајќи ги позициите на владините партнери, тогаш ќе можеме да ги коментираме деталите за кое било решение за кое конечно ќе преговара владата“, рекол Мицотакис.

Интервјуто доаѓа по денешната мини средба во кабинетот на премиерот Алксис Ципрас по која Никос Коѕиас и Панос Каменос изнесоа свои ставови за можноста за решавање на проблемот со името на северниот сосед.

Запрашан дали верува дека предлогот ќе биде сложено име со географска одредница, Мицотакис рече дека претпочита „да не шпекулира“, додавајќи дека останува да се види дали владата ќе ја следи таа линија.

Во врска со позицијата на Панос Каменос, лидерот на помалиот коалиционен партнер АНЕЛ,  тој изјави:

„Немам апсолутно никакво сомневање дека, на крајот, г-дин Каменос ќе стори сé што е потребно за да остане на чело на Министерствот за одбрана […] Тој ќе демонстрира голема политичка флексибилност по ова прашање, како и во многу други“ додаде тој.