Мицотакис бара гаранции – Скопје да го смени уставот

Не би преговарал ништо доколку Скопје не се посвети за промена на нивниот Устав. Не толерирам спомнување на „македонска нација“ како што тоа го стори медијаторот (Нимиц) без да има никаков одговор од владата, изјави лидерот на опозициската Неа демократија, Кирјакос Мицотакис.



Тој вели дека грчката влада треба да добие цврсти гаранции дека Скопје ќе се откаже од иредентизмот.

„Господинот Ципрас се сретнува со господинот Заев и дури и ако се постигне одредено решение, во оваа клима тоа ќе создаде повеќе проблеми на дома отколку што ќе реши во странство. Не сакам да ги поделам Грците за да се обединат Скопјаните“.

Мицотакис вели дека „решението треба да се спроведе во некое друго време и откако другата страна ќе докаже дека сака вистинско решение кое ќе доведе до хармоничен соживот на двата народи. Освен ако некои луѓе не се решени да се откажат од националните интереси за да ги задржат своите позиција “, додаде тој.

Тој го обвини премиерот Алексис Ципрас дека започнал разговори без претходно да презентира унифицирана позиција за името и дека преговара „во тајност“, пренесе АНА-МПА.