Мицкоски: Трета седмица, трета нова странска инвестиција! – „Вабтек“ од САД ќе вложи 35 милиони евра, над 100 нови вработувања!

„Уште една одлична вест од Вашингтон, од САД. Трета седмица – трета нова странска инвестиција. По инвестицијата од 500 милиони долари на ‘Алказар Енерџи’ во ветерен парк, која е најголема во регионот и по инвестицијата на германско-белгиската компанија „Епсотех Аим’ во Петровец од 20 милиони евра, ‘Вабтек’ од САД ќе инвестира во Македонија. Компанијата ‘Вабтек’ е дел од петстоте најголеми компании во САД.“ – објави на својот официјален фејсбук-профил претседателот на Владата на Република Македонија и лидер на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.



Во објавата премиерот Мицкоски натаму истакнува: Остварив средба со извршниот потпретседател на компанијата „Вабтек“ во Вашингтон,  каде што беше потврдена динамиката на реализација на новата инвестиција. Повеќе од 100 нови вработувања, инвестиција вредна 35 милиони евра. Ќе се инвестира во производство на сопирачки за шински возила. Поголем извоз за подобра иднина.

Исполнуваме

За тебе!

#Македонија за тебе