„Кон крајот на неделата ќе се одржи првата седница на Владата. Донесени ќе бидат неколку одлуки, повеќето формални, но почнуваме да работиме и на новото законско решение за линеарно зголемување на пензиите“ соопшти вчера премиерот Христијан Мицкоски во врска со предизборното ветување дека наместо процентуално, пензионерите ќе добијат линеарно зголемување со што ќе се намали јазот вио виусината на пензиите.
„Тоа што го ветивме во предизборието – во првата година да имаме линеарно зголемување по 5 000 денари на пензиите.
Почнуваме со министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани и со министерката за финансии Гордана Димитриевска Кочовска. Утре или денот потоа ќе имаме работен состанок кај мене, почнуваме да го драфтираме овој закон кој набргу ќе се најде во Палрламентот“, рече Мицкоски како што пренесе МИА.






